Украина

МААЕ бара итен прекин на воените активноти во Запорожје

12.08.2022 10:35

Киев и Москва со меѓусебно обвинување за ескалацијата на борбите околу нуклеарниот комплекс.

Ситуацијата во украинската нуклеарна централа влегува во „сериозен момент“. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) бара итен прекин на сите воени активности околу нуклеарната централа во Запорожје. Ситуацијата ја оценуваат како сериозна, а од Русија и Украина очекуваатсоработка за да се избегне катаклизма. Најголемата нуклеарна централа во Европа сега е под контрола на руските сили, но со неа оперира украински персонал.

„Нашите стручни тимови направија прелиминарна проценка дека не постои директна закана за безбедноста како резултат на гранатирањето или другите воени активности. Но, ситуацијата може да се промени за миг“, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на МААЕ.

Киев и Москва со меѓусебно обвинување за ескалацијата на борбите околу нуклеарниот комплекс.

„Кажете јасно и гласно дека Русија треба веднаш и безусловно да дозволи мисија предводена од МААЕ, да не го попречува патот 8-километарскиот пат преку реката. Второ, деминирајте ги просториите на Зед НПП. Трето, отстранете го воениот персонал и повлечете го оружјето. Доста со игри. Никој од нас не може да го запре ветрот кој носи радијација. Но заедно сме способни да запреме терористичка земја. Колку поскоро ја запреме Русија, толку побрзо Европа и светот ќе се чувствуаат безбедно пак“, изјави Сергеј Кислицја, амбасадор на Украина во ООН.

„Ги повикуваме ООН и МААЕ да покажат лидерство и глобална одговорност и прецизно,без дипломатски формулации, да го посочат вистинскиот извор на заканата за нуклеарната безбедност во овие централи во Запорожје. Да ги посочат нападите од украинските сили и да им кажат на украинските власти дека тие акции се неприфатливи. Само така ќе се спречи огромна радијациска катастрофа на европскиот континент, ризик кој во моментов е реален како никогаш досега“, рече Василиј Небезја, амбасадор на Русија во ООН. 

Според украинскиот оператор „Енергоатом“, во последните руски напади на подрачјето се уништени неколку сензори за радијација.