Украина

Киев и Москва си ја префрлаат вината за оштетувањето на нуклеарната централа во Запорожје

12.08.2022 12:58

Обединетите нации бараат демилитаризирана зона околу нуклеарката Запорожје. Меѓународната агенција за атомска енергија - итен прекин на воените активности. Киев и Москва си ја префрлаат вината за оштетувањето на нуклеарната централа. Според украинскиот оператор „Енергоатом“, во последните руски напади се уништени неколку сензори за радијација...

Меѓународната агенција за атомска енергија бара итен прекин на воените активности во Запорожје. Киев и Москва си ја префрлаат вината за оштетувањето на нуклеарната централа. Според украинскиот оператор „Енергоатом“, во последните руски напади се уништени неколку сензори за радијација.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) бара итен прекин на сите воени активности околу нуклеарната централа во Запорожје. Ситуацијата ја оценуваат како сериозна, а од Русија и Украина очекуваат соработка за да се избегне катаклизма.

„Нашите стручни тимови направија прелиминарна проценка дека не постои директна закана за безбедноста како резултат на гранатирањето или другите воени активности. Но, ситуацијата може да се промени за миг“, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на МААЕ.

Најголемата нуклеарна централа во Европа сега е под контрола на руските сили, но со неа оперира украински персонал.

„Русија повторно го допре дното во светската историја на тероризмот. Никој друг не ја користел централата така очигледно за да му се заканува на целиот свет и да постави некакви услови. Буквално секој во светот треба веднаш да реагира и да ги истера поробувачите од територијата нацентралата. Ова е од светски интерес, а не само потребна на Украина“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Киев и Москва продолжуваат со меѓусебно обвинување за ескалацијата на борбите околуну клеарниот комплекс.

„Кажете јасно и гласно дека Русија треба веднаш и безусловно да дозволи мисија предводена од МААЕ, да не го попречува патот 8-километарскиот пат преку реката. Второ, деминирајте ги просториите на Зед НПП. Трето, отстранете го воениот персонал и повлечете го оружјето. Доста со игри. Никој од нас не може да го запре ветрот кој носи радијација. Но заедно сме способни да запреме терористичка земја. Колку поскоро ја запреме Русија, толку побрзо Европа и светот ќе се чувствуаат безбедно пак“, рече Сергеј Кислицја, амбасадор на Украина во ООН.

„Ги повикуваме ООН и МААЕ да покажат лидерство и глобална одговорност и прецизно,без дипломатски формулации, да го посочат вистинскиот извор на заканата за нуклеарната безбедност во овие централи во Запорожје. Да ги посочат нападите од украинските сили и да им кажат на украинските власти дека тие акции се неприфатливи. Само така ќе се спречи огромна радијациска катастрофа на европскиот континент, ризик кој во моментов е реален како никогаш досега“, вели Василиј Небезја, амбасадор на Русија во ООН.

Според украинскиот оператор „Енергоатом“, во последните руски напади на подрачјето се уништени неколку сензори за радијација.

 

Маја С. Филдишев