Македонија

Лично царот Сакскобурготски дал согласност за името на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид

12.08.2022 13:52

Сакскобурготски во допис до претседателот на здружението, Томе Блажески напишал дека бил трогнат од иницијативата и затоа дава согласност...

Симеон Сакскобурготски, син на царот Борис Трети и поранешен премиер на Бугарија дал согласност, здружението од Охрид да го носи името на неговиот татко. Информацијата ја објави „360 степени“, повикувајќи се на документ од Централниот регистар, со којшто е извршено впишувањето на здружението, за што реагираше Еврејската заедница од земјава.

Сакскобурготски во допис до претседателот на здружението, Томе Блажески напишал дека бил трогнат од иницијативата и затоа дава согласност.

Откако од Министерството за правда рекоа дека до ресорот не е доставено барање за позитивно мислење за регистрација на друштвото, Централниот регистар појасни дека во Законот за здруженија и фондации не е предвидени регистар за спорни и негативни личности од историјата, и институцијата постапува согласно важечкиот закон.