Финансии

Најавените даночни реформи се поблиску до ад-хок мерки, поттикнати од нужност

12.08.2022 14:07

Најавените даночни реформи се поблиску до ад-хок мерки, најверојатно потикнати од нужност, а не и од желбата за реформирање, став на група граѓански организации, којашто настапува под името „Цивитакс“...

Најавените даночни реформи се поблиску до ад-хок мерки, најверојатно потикнати од нужност, а не и од желбата за реформирање, став на група граѓански организации, којашто настапува под името „Цивитакс“. Оттаму велат, не се исцрпени ни внатрешните јавни извори на финансирање, што го констатираше и државниот ревизор за загубени 23 милиони евра буџетски пари во коронакризата и уште 108 милиони поради неефикасност во јавните инвестиции.

Според професорот, Бранимир Јовановиќ, најавените даночни реформи дополнително ќе ја зголемат неправдата и уште повеќе ќе се даночат сиромашните, а не богатите.

Со имплементација на втората одредба за данок на реинвестирана добивка, владата ќе собере пари, но тоа може да направи огромна финансиска штета и да ги намали инвестициите во држават, вели Јовановиќ.

Според него, проблематично кај третата одредба за даночење на штедните влогови е тоа што не се прави разлика меѓу луѓето со штедни влогови од неколку милиони евра и оние со неколку илјади евра, при што вторите воопшто и не треба да се даночат.

Граѓанските организации побараа подобра борба со сивата економија, пред да се почне да се спроведуваат даночни реформи.  

 

Марија Котовска