Четири желби за две места во финалето
Македонија денеска ќе ги добие финалистите во фудбалскиот Куп. Скопје и Штип се полигоните на кои ќе се играат решавачките полуфинални натпревари:Металург-Тетекс и Брегалница-Работнички. Неизвесноста за нијанса ќе е поголема на Филип Втори Арената во Скопје. Првите 90 минути Тетекс и Металург ги оидиграа без голови 0:0. Металург е домаќин, „железарците“ се во голем резултатски подем, во трка за шампионската титула...Тетекс е во одбрана на пехарот во Купот освоен минатата година. Од позиција на второлигаши тетовските фудбалери одново одлично чекорат во Купот.

Македонија денеска ќе ги добие финалистите во фудбалскиот Куп. Скопје и Штип се полигоните на кои ќе се играат решавачките полуфинални натпревари:Металург-Тетекс и Брегалница-Работнички. Неизвесноста за нијанса ќе е поголема на Филип Втори Арената во Скопје. Првите 90 минути Тетекс и Металург ги оидиграа без голови 0:0. Металург е домаќин, „железарците“ се во голем резултатски подем, во трка за шампионската титула...Тетекс е во одбрана на пехарот во Купот освоен минатата година. Од позиција на второлигаши тетовските фудбалери одново одлично чекорат во Купот. Нема сомнение дека ќе му бидат силен опонент на Металург.
Второто полуфинале е меѓу Брегалница и Работнички. Скопските „романтичари“ со капитални 2:0 од првиот натпревар патуваат во Штип. Брегалница е соочена со тешка мисија. Стартува со непријатна негатива против водечката екипа во првенството, но Купот секогаш е непредвидлив, а резултатските подвизи многу чести. Затоа е и големата привлечност на ова натпреварување. Почетокот на денешните натпревари е во 16 часот. Македонската телевизија директно ќе го пренесува дуелот во Скопје меѓу Металург и Тетекс.
