Македонија
Жан Митрев повикан на распит во Обвинителството
12.08.2022 14:44
Доктор Митрев уредно се одзвал на поканата. Обвинителството на 18-ти јули отвори предмет, откако Истражувачката репортерска лабораторија го објави истражувањето „Нечиста крв“...

Доктор Жан Митрев денеска е повикан на распит во Обвинителството. Оттаму велат дека таквиот чекор е за да се разјаснат определени околности, поврзани со предметот, оформен по допрен глас.
Доктор Митрев уредно се одзвал на поканата.
Обвинителството на 18-ти јули отвори предмет, откако Истражувачката репортерска лабораторија го објави истражувањето „Нечиста крв“, поврзано со работата на приватната болница „Жан Митрев“, за лекување ковид пациенти со хемофилтрација.
