Криза

Цената на лебот продолжува да расте- се жалат потрошувачите, се жалат и производителите

12.08.2022 14:55

Расте цената на лебот, станува најскап во регионот. Секое пазарување – ново непријатно изненадување, реагираат граѓаните. Производителите велат, цената на намирниците ја диктира крајната цена на производот…

Лебот станува бело злато. Постојаното покачување на продажната цена на основниот продукт на трпезата, го празни домашниот буџет. Се жалат потрошувачите, се жалат и производителите. Велат, пазарната логика е јасна – цената на намирниците ја одредува и цената на крајниот производ.

По две години Ковид криза, производителите дополнително се погодени од економската и воената криза, а житариците особено се на удар.

Анализите покажуваат-македонскиот леб е меѓу најскапите во регионот. Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Но, производителите објаснуваат зошто е тоа така.

Производството на лебот и белите печива се процес кој чини и затоа моменталната цена не може долго да се задржи.

Од Агробизнис комората предлагаат, ако сакаме цената на лебот да не расте, потребно е планирање, како на пример: пуштање во погон на сите домашни капацитети за производство на сопствена енергија, активирање на стоковите резерви и поедноставување на имплементацијата на компаниите со фотоволтаици.

Катерина Топалова