300 лица исчезнати во траектот што потона на брегот на Јужна Кореја
16.04.2014 13:26
Бродот целосно потонал во рок од два часа...

Најмалку две лица загинаа, а 13-мина се повредени кога траект којшто превезувал 459 лица се превртел кај брегот на Јужна Кореја. Иако властите претходно објавија дека биле спасени 368 луѓе, сепак, најновите извештаи покажуваат дека засега се безбедни само 164 лица. Околу 300 се уште се водат како исчезнати. Повеќето од патниците биле ученици во средно училиште.
„Додека траектот тонеше се судиравме едни во други. Скокнав во океанот, водата беше студена. Пливав најбргу што можев, мислејќи само на тоа како да преживеам“, вели еден од преживеаните патници.
Бродот целосно потонал во рок од два часа. Во тек е истрага за несреќата.
