Македонија
На барање на обвинителството, судот му го одзеде пасошот на Жан Митрев
12.08.2022 17:21
Судија на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО во врска со случајот со доктор Жан Митрев и донесе одлука за определување мерка за претпазливост за одземање на неговата патна исправа заради опасност од бегство...

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО во врска со случајот со доктор Жан Митрев и донесе одлука за определување мерка за претпазливост за одземање на неговата патна исправа заради опасност од бегство.
Судот е согласен со наводите на обвинителството дека постои опасност Митрев да избега.
Одлуката на судот следи откако обвинителството денеска отвори истрага и го повика на распит Митрев, по објавата на ИРЛ за начините како болницата ги третирала болните од Ковид – 19.
