Чешка ќе предложи укинување на визите за Русите на ниво на Унијата
Чешка, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека забраната за издавање визи за сите граѓани на Русија на ниво на Европската унија би можела да биде следна во низата санкции што Унијата ги воведе кон Москва поради до руската инвазија на Украина...

Чешка, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека забраната за издавање визи за сите граѓани на Русија на ниво на Европската унија би можела да биде следна во низата санкции што Унијата ги воведе кон Москва поради до руската инвазија на Украина.
Прага тоа ќе го предложи на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ закажан за крајот на месецот во чешкиот главен град.
ЕУ досега воведе шест пакети санкции против Русија што вклучуваат мерки против рускиот енергетски и финансиски сектор, како и против поединци блиски до Кремљ, заедно со замрзнување имоти и забрана за нивно патување во ЕУ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на оваа седмица ги повика западните земји да забранат влез за руските државјани, како начин за зголемен притисок врз рускиот претседател Владимир Путин.
Повикот го поддржаа од Финска и Естонија, додека германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека неселективни санкции значат казнување невини луѓе кои немаат никаква врска со војната што ја покрена рускиот претседател.
