Барнли повторно прави обид за потпис на Чурлинов
Барнли понуди три, Штутгарт одби. Сега екипата од Чемпионшип ја качи понудата на 3,25 милиони евра и дополнителни бонуси, што повторно не е на нивото на барање на германскиот клуб...

Дарко Чурлинов немаше толку премногу понуди, но за него е значајно тоа што повторно се раскажува приказната за Англија. Барнли повлече уште еден потег за да го ангажира македонскиот репрезентативец.
Барнли понуди три, Штутгарт одби. Сега екипата од Чемпионшип ја качи понудата на 3,25 милиони евра и дополнителни бонуси, што повторно не е на нивото на барање на германскиот клуб, но Англичаните веројатно реагираат да за ги одржат преговорите отворени до крајот на преодниот рок, знаејќи дека за потпис со Чурлинов размислува и Андерлехт. Со оглед дека постигна гол во првиот официјален настап сезонава и е прва опција во напаѓачката линија, прашање е дали воопшто на Чурлинов би му одговарал премин каде и да е, па сепак, циркулацијата на неговото име на фудбалскиот пазар е своевидно признание за македонскиот фудбал.
