Трабзон го промовираше Енис Барди
Втората шпанска лига не одговара на квалитетот на Барди. Немаше подобра опција во Примера, па нашиот играч за врска одговори позитивно на понудата на Трабзон. Ги мина лекарските прегледи што за него се формалност, а тоа значи нов предизвик во кариерата.

Енис Барди е големо име во европскиот фудбал, па можеше да тактизира и да ја одбере вистинската понуда. По пет години во Леванте, македонскиот репрезентативец се пресели во Трабзонспор.
Втората шпанска лига не одговара на квалитетот на Барди. Немаше подобра опција во Примера, па нашиот играч за врска одговори позитивно на понудата на Трабзон. Ги мина лекарските прегледи што за него се формалност, а тоа значи нов предизвик во кариерата. Турскиот фудбалски шампионат е квалитетен, полн со тензија, со многу дерби натпревари, па на Барди ќе му овозможи да биде постојано во целосна подготовка во текот на сезоната. И што најважно, ќе му овозможи да игра европски клупски фудбал што досега му недостасуваше. Трабзон ќе се сретне со Копенхаген во баражот во Лигата на шампионите, што значи дека е можно Барди првпат да настапува во групната фаза, а доколку не успее против Данците, сигурно не му бега влез во групите од УЕФА Европа лигата. Но за Барди ова се нови времиња, желбите се тригодишниот договор да почне со натпревари против елитните.
