Здравство

Пациентот од Кичево нема мајмунски сипаници

12.08.2022 21:22

Завршено е испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници, резултатот е негативен, информира Министерството за здравство.

Завршено е испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници, резултатот е негативен, информира Министерството за здравство.

Оттаму потсетуваат дека Институтот за јавно здравје располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог.

Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки- стои во соооштението.