Во Црна Гора тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње
Трагедија во Црна Гора. Во масакрот во Цетиње усмртени 11 лица, шестмина се ранети. Меѓу убиените има и деца. 34 годишниот напаѓач бил застрелалан од негов сограѓанин. Во земјата прогласена е тридневна жалост...

Во Црна Гора е тридневна жалост поради масакрот во Цетиње каде вчера беа убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Согласно одлуката која црногорската влада ја донесе синоќа, денови на жалост се сабота, недела и понеделник- 13, 14 и 15 август.
„Поради невидениот трагичен настан, што резултираше со загуба на животи на црногорски граѓани, Владата донесе одлука да прогласи тридневна жалост на територијата на цела држава Црна Гора“, се наведува во образложението на одлуката.
Во населбата Медовина во Цетиње, 34-годишен маж отвори оган врз сограѓани и уби 10 лица меѓу кои и две деца, додека шестмина се ранети. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во пресметката бил убиен од сограѓанин. На трагедијата ѝ претходела семејна расправија.
