Врие во Украина
Проруски сепаратисти присвоиле шест украински оклопни возила и ги возеле низ улиците на градот кадешто вчера украинските сили го зазедоа аеродромот...

Во Украина врие во пресрет на мировните преговори во Женева. Проруски сепаратисти присвоиле шест украински оклопни возила и ги возеле низ улиците на градот кадешто вчера украинските сили го зазедоа аеродромот. Украински хеликоптери ги надлетувале возилата, но не се обиделе да ја прземат контролата на ситуацијата.
„Украинската паравојска премина на страната на народот. Сами можете да изброите колкумина не има. Ние сме одбранбената армија на Донбас“, вели проруски сепаратист.
Путин во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел предупредил дека ескалација во Украина ја довела земјата на работ на граѓанска војна.
Двајцата лидери изразиле надеж дека состанокот во Женева ќе биде јасен сигнал за враќање на состојбата во мирни рамки. Во случај состанокот да пропадне, САД најавија нови санкции за Москва. НАТО уште еднаш ја повика Русија да ги повлече своите трупи од границата.
Марина Автовска
