Салман Ружди е опериран и поставен на респиратор
Полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател. 24-годишениот маж од Њу Џерси, купил билет за да присуствува на настанот, по што го избоде писателот на сцена додека држел говор.

Писателот Салман Ружди кој беше избоден со нож за време на предавање во Њујорк, е опериран и во моментов е на респиратор. Неговиот агент информира дека Ружди не може да зборува, може да го изгуби едното око.
Полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател. 24-годишениот маж од Њу Џерси, купил билет за да присуствува на настанот, по што го избоде писателот на сцена додека држел говор.
Водителот кој беше со него на сцената Хенри Рис, се здобил со полесна повреда на главата и е пренесен во локалната болница. Напаѓачот бил совладан од присутните, по што го привела полицијата.
Книгата на писателот Салман Ружди „Сатански стихови“ е забранета во Иран од 1988 година, бидејќи многу муслимани ја сметаат за богохулна. Една година подоцна, починатиот ирански водач, ајатолахот Хомеини, издаде фатва, или указ, повикувајќи на смрт на Ружди.
