Резервите на крв секогаш се одржуваат на стабилно ниво
Дарувањето крв е хуманост привилегија на здравите лица. Во земјава има околу 55 илјади дарители на скапоцената течност. Од Институтот за трасфузиона медицина велат иако негативните групи се дефицитарни, резервите со крв секогаш се одржуваат на стабилно ниво...

Дарувањето на крв е привилегија на здравите луѓе, на годишно ниво во нашата земја даруваат околу 55 илјади граѓани. Да се спаси живот значи хуманост но и поттик за секој млад човек да дарува од најдрагоцената течност. Институтот за трансфузиона медицина работи по сите стандарди, иако подефицитарни се негативните крвни групи, резервите на крв се секогаш стабилни, нагласува доктор Димитровски.
Иако е летен период, пациентите не се оставени без крвниот продукт кој им е потребен. Годинава се реализирани 28 илјади дарувања на крв.
Крвта е незаменлив лек потребен во спасување на луѓето. Нејзината улога е бесценета кај итните случаи, болните и повредените. Крводарителот е херој кој може да ја врати насмевката кај пациентите и нивните семејства. Бидете хумани, дарувајте крв.
Анита Никушева Јованчев
