Македонија

Невреме во Кавадарци- поплавени подрумски простории, дождот донел и големи наноси на кал

14.08.2022 09:08

За половина час наврнале коколу 40 литри на квадратен метар. Од силниот дожд вода навлегла и во општинската зграда. Екипи на комуналното претпријатие во Кавадарци повеќе часови биле на терен...

Кавадарци синоќа беше зафатено од силно невреме, пороен дожд и грмотевици. Ветерот корнел дрвја, а поројните дождови донеле и големи наноси на кал.

Поплавени се подрумски простории на повеќе куќи, а биле поплавени и улици. Екипи на комуналното претпријатие во Кавадарци повеќе часови биле на терен.

За половина час наврнале коколу 40 литри на квадратен метар. Од силниот дожд вода навлегла и во општинската зграда.