Воен конфликт
Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за нападите во Запорожје
14.08.2022 09:13
Кремељ наведува дека изминатите денови биле извршени неколку напади на подрачјето на нуклеарната централа со помош на беспилотни летала, тешка артилерија и повеќе ракетни фрлачи...

Киев и Москава повторно со меѓусебни обвинувања за нападите врз нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа која беше окупирана од руската армија и е цел на напади една недела.
Кремељ наведува дека изминатите денови биле извршени неколку напади на подрачјето на нуклеарната централа со помош на беспилотни летала, тешка артилерија и повеќе ракетни фрлачи, а во повеќето случаи нападите биле одбиени од руски системи за противвоздушна одбрана.
Киев, пак, тврди дека руските сили ја користат нуклеарната централа како штит за напади врз украински цели.
