На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ 40 минути
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини „Табановце“ и „Пелинце“ се чека околу еден час за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. На „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
