Свет
Макрон го потпиша протоколот за пристапување на Финска и Шведска во НАТО
14.08.2022 09:27
Францускиот претседател Емануел Макрон го потпиша протоколот за пристапување на Финска и Шведска во НАТО...

Францускиот претседател Емануел Макрон го потпиша протоколот за пристапување на Финска и Шведска во НАТО, кој францускиот парламент го усвои на 2-ри август.
Овој суверен избор на Финска и Шведска, два европски партнера, ќе овозможи зајакнување на нивната безбедност наспроти актуелната закана во нивното непосредно соседство и ќе даде значаен придонес и за нашата европска безбедност, рече Макрон.
