Свет
Осум Израелци повредени во напад во Ерусалим
14.08.2022 09:53
Постои сомнение дека извршителот е Палестинец, а нападот се случува една недела откако избувна насилството меѓу Израелците и милитантите во Газа.

Најмалку осум лица се ранети откако вооружен маж отвори оган кон автобус во близина на стариот град во Ерусалим. Две од жртвите се во тешка состојба.
Постои сомнение дека извршителот е Палестинец, а нападот се случува една недела откако избувна насилството меѓу Израелците и милитантите во Газа.
Нападот се случил додека автобусот чекал на паркинг во близина на западниот ѕид, кој се смета за најсвето место каде Евреите можат да се молат.
