Свет

САД: Возило влетало во толпа луѓе, еден загинат, 17 повредени

14.08.2022 13:30

Инцидентот се случил во близина на ресторан и болница каде се собирале средства за жртвите од пожар во Бервик, Пенсилванија. Државната полиција потврди дека привела маж осомничен за инцидентот...

Еден загинат и 17 повредени од автомобил кој влетал во група луѓе на донаторски собир во Пенсилванија, САД. Инцидентот се случил во близина на ресторан и болница каде се собирале средства за жртвите од пожар во Бервик, Пенсилванија. Државната полиција потврди дека привела маж осомничен за инцидентот со автомобилот, во кој загина едно лице, а 17 беа повредени. Потоа полицијата добила повик за физички напад врз жена, која била пронајдена мртва на местото на настанот, а осомничениот бил уапсен и обвинет за две убиства.

„Мажот кој беше осомничен во двата инцидента е во притвор. Во овој момент, има една потврдена смртност од несреќата во Бервик заедно со 17 повредени. Засега не можеме да потврдиме дали нападот бил намерен. Тоа е нешто што во моментов е под истрага. Имаме интервјуа да направиме, видео надзор да погледнеме. Сакаме да ги собереме сите детали во истрагата и да го направиме тоа темелно и колку што е можно попрецизно“, изјави државен полицаец во Пенсилванија.

„Би сакал само да додадам во име на државната полиција и другите агенции, окружниот обвинител е тука, нашите срца и молитви се за повредените оваа вечер. Тоа е ужасна трагедија. Нема да штедиме напори да спроведеме најкомплетна, најкомпетентна и темелна истрага“, додаде друг.

Засега не е познат мотивот за нападот со автомобилот во Пенсилванија. Според очевидци, жената била убиена со удари од чекан.

 

Ирина Гелевска