Европа ја забрани неавтохтоната флора и фауна
16.04.2014 13:50
Европарламентот изгласа црна листа со кои се забрануваат неавтохтоните и агресивни сорти флора и фауна на нејзина територија, како што е ракчето убиец или некои јапонски растенија. Со законот ќе се забрани поседувањето, транспортот, продажбата или одгледувањето на овие сорти растенија и видови животни.

Црната листа на ЕУ ќе се однесува на 50-на видови флора и фауна, но нема да се ограничува. Сеуште не се објавува содржината на листата. Според европратениците, огромни се еколошките и економските загуби предизвикани, на пример, од ракчето-убиец што потекнува од Црното Море, како и некои азиски растенија, поради што Европа е оштетена со околу 12 милијарди евра годишно.
Странските врсти и видови исто така предизвикуваат и здравствени проблеми како што се астмата, кожните болести и алергиите.
Поради тоа, Брисел ќе ги засили контролите на европските граници. Меѓу супер-агресивните растенија е и родендронот, но и околу 300 растенија, негови хибриди,по потекло од Јужна Америка. Во ЕУ има околу 12 илјади неавтохтони врсти растенија и видови животни, од нив две илјади во Велика Британија. Повеќето од нив се класифицирани како истребувачи.
Тоа случајот и со црнорското ракче, за коешто е утврдено дека од морињата почнало да се префрла во реките и езерата. Утврдено е дека ракчето може да преживее две недели без вода и дека го уништува рибниот фонд во Европа.
Зоран Богатинов