МВР

164 санкционирани возачи во Скопје, 94 за брзо возење

15.08.2022 09:31

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возач почетник...

Засилените акциски контроли продолжуваат, соопштуваат од МВР.