Возачот на српскиот автобус кој се преврте во Бугарија е приведен
Во страотната несреќа во која српски автобус со деца се преврте на автопатот Тракија во Стара Загора се повредени 17 лица. Две децата со потешки повреди се хоспитализирани во болница во Софија.

Приведен е возачот на српскиот автобус кој се преврте во Бугарија. Првичните информации укажуваат на грешка на возачот или техничка неисправност на автобусот.
Во страотната несреќа во која српски автобус со деца се преврте на автопатот Тракија во Стара Загора се повредени 17 лица. Две децата со потешки повреди се хоспитализирани во болница во Софија.
Властите соопштија дека ниедно дете не е во животна опасност, а пациентот со ампутиран екстремитет е во добра здравствена состојба.
„Eдно од децата кои беа во лоша состојба вчера сега е стабилизирано, реагира соодветно, потребни се операции. Второто дете кое беше во трауматски шок и повреда на горен екстремитет сега има фибрилација. Другите деца се добро, возрасните, исто така“, изјави Асен Мeџидиев, министер за здравство на Бугарија.
„Сите се живи, тоа е најважно. Ги видовме сите деца, зборувавме со нив. Едно дете имаше операција, на еден возрасен му е ампутирана ногата. Има дете со повреда на главата“, соопшти Златибор Лончар, министер за здравство на Србија.
Се формира амбулантна организација за носење на децата до граница, од каде што ќе бидат преземени од српските власти.
