АВГАНИСТАН
Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт
15.08.2022 09:55
Исламските фундаменталисти без борба го зазедоа главниот град Кабул по офанзивата против владините трупи.
„Талибанците не успеаја да воспостават инклузивен политички систем“, обвини Европската унија во пресрет на првата годишнина од владеењето на тврдокорното исламистичко движење.
Исламските фундаменталисти без борба го зазедоа главниот град Кабул по офанзивата против владините трупи.
Талибанците го вратија во Авганистан строгото толкување на исламот што го карактеризираше нивното прво владеење од 1996 до 2001 година.
