Македонија

Македонскиот тим во Комисијата за историски прашања ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците

15.08.2022 09:58

Македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје...

Македонскиот тим во мешовитата Комисија за историски прашања со Бугарија денеска ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците.

Тема на брифингот се усвоените решенија на комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и во петти клас во Бугарија, соопштуваат од македонското МНР.