Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДСМ се најголемите виновници за капитулацијата на македонската дипломатија

15.08.2022 10:02

Оттаму велат- и покрај потпишаниот Протокол, кој од Ковачевски и владата беше прогласен како голем успех, како што предупредувавме, повторно во Бугарија се спремаат нови документи и условувања.

Продолжуваат капитулациите на македонската дипломатија во односите со Бугарија. Секој ден нови барања, нови изјави кои го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Катадневно пристигнуваат нови и нови шамари од страна на бугарски политичари, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат- и покрај потпишаниот Протокол, кој од Ковачевски и владата беше прогласен како голем успех,  како што предупредувавме, повторно во Бугарија се спремаат нови документи и условувања. За сите понижувања, во договор со бугарските власти, Ковачевски, Османи и Маричиќ за реализација на сите нечесни намери пред граѓаните лажат дека Европската унија не приморува на истото.

Секоја ваква изјава е само уште една ноторна лага, за спас на политичките кариери и да си купат уште некој ден плус да останат на власт. ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека нема да има промена на Уставот на Македонија, и покрај сите притисоци од страна на криминалците од СДСМ- стои во соопштението.