УКРАИНА
Властите во Запорожје предлагаат режим на тишина околу нукеарката
15.08.2022 10:08
Шефот на ЕУ изрази поддршка за формирање на зона во која би биле забранети вооружените сили...

Членот на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, Владимир Рогов, бара прогласување на т.н. „режим на тишина“ околу нуклеарната централа Запорожје, која, како што тврди, постојано е на удар на украинската армија.
За руската новинска агенција „РИА Новости“, тој изјави дека раководството на ОН и ЕУ не треба да зборува за демилитаризација, туку да предвиди најстроги санкции за гранатирање нуклеарни централи.
Шефот на ЕУ изрази поддршка за формирање на зона во која би биле забранети вооружените сили. Централата во Запорожје е најголемата во Европа, и меѓу десетте најмоќни во светот.
