РУСИЈА
Путин прати писмо до Ким, ќе се прошируваат билатералните односи
15.08.2022 10:59
Во него е наведено дека двете земји ќе ги прошират билатералните односи, што според Путин, би било во интерес и на Москва и Пјонгјанг.

По повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин прати писмо до Ким Јонг-ун.
Во него е наведено дека двете земји ќе ги прошират билатералните односи, што според Путин, би било во интерес и на Москва и Пјонгјанг.
Рускиот лидер смета дека соработката е неопходна и за безбедноста и стабилноста на Корејскиот полуостров и регионот на североисточна Азија.
