МЗТ во Струмица, Работнички со Лирија
Забрзаниот ритам во суперлигашката фаза од домашниот кошаркарски шампионат оваа среда опфаќа два натпревара од четвртата рунда.
Единствениот тим со стопроцентен ефект по трите одиграни меча, актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром, со статус на изразит фаворит ќе и гостува на Струмица, екипата којашто досега ги загуби сите средби.

Во салата „Градски Парк“ во Скопје, Работнички ќе и биде домаќин на Лирија во пресетмаката меѓу ривалите од главниот град. Нашиот најтрофеен тим се наоѓа пред победнички императив, бидејќи доби само еден од трите дуела досега, додека Лирија има ефект од две победи и еден пораз.
Четвртото коло вчера го отворија Кожув и Куманово. Гевгеличани славеа на свој паркет со 83-79. Мијајловиќ и Штерјов со по 20 коша беа најефикасни кај домашниот состав, Чупковиќ даде 13, а двоцифрен беше и Пековиќ со 11 поени. Кај Куманово доминираше Урош Луковиќ со 41 кош, меѓутоа и тоа не беше доволно неговиот тим да оствари успех.