Македонија
50 пријави за штети како последица на невремето во Кавадарци
15.08.2022 11:55
Екипите на терен работеа за расчистување на остатоците по интензивниот дожд и невремето кое го зафати градот и околните населени места.

Педесетина пријави за материјална штета како последици од невреме што викендов го зафати Кавадарци, информираа од општината. Екипите на терен работеа за расчистување на остатоците по интензивниот дожд и невремето кое го зафати градот и околните населени места.
Интервениале во санирање на одводи, подрумски простории, наноси на улиците. Од општината е формирана и комисија за процена на штети од елементарни непогоди.
Апелираат до граѓаните ако имаат било каква потреба или штета да се јават на телефонскиот број 13-300 во кол центарот на општината Кавадарци.
