Одбрана

Подготовки за големиот јубилеј на Армијата

15.08.2022 13:41

Триесет години безбедност, стабилност и доверба - Македонската армија се подготвува за одбележувањето на тридеценискиот јубилеј на 18-ти август. Министерката Петровска вели – како членка на НАТО алијансата забрзано се модернизираме. В среда првпат ќе бидат изложени новите американски оклопни транспортери...

Триесет години безбедност, стабилност и доверба - Македонската армија се подготвува за одбележувањето на тридеценискиот јубилеј на 18-ти август. Министерката Петровска вели – како членка на НАТО алијансата забрзано се модернизираме. Од опрема од источно производство преминуваме на западно. Петровска не откри што ѝ дониравме на Украина зашто одлуките се класифицирани, но посочи дека станува збор на одлука на суверена и независна држава.

Пристигнаа првите шест нови американски лесни оклопни транспортери. Во план е модернизација со набавка на опрема за противвоздушна одбрана, артилерија и извидување и разузнување, специјални возила за посебни намени, и ремонт на транспортните хеликоптери.

Војничката професија станува сè поактивна, а заинтересираноста за вработување е голема. Дополнително ќе се вложува во стипендирање на кадри за специјални вештини, како информатичката. Со измените за Законот за служба во армијата се овозможи заминување во пензија по поповолни услови, но и задржување на кадар во државните институции.

Наредниот месец ќе се распише нов конкурс за прием на 200 нови професионални војници, а дел од оние коишто ќе заминат во пензија ќе се задржат како активна резерва.

Ирина Гелевска