Велес

Се уништува речното корито на Вардар, реагираат кајакарите

15.08.2022 13:54

Низводно од Велес па сè до Гевгелија има бројни бази кои црпат песок и чакал од реката Вардар, реагираат кајакарите. Со тоа се уништува биодиверзитетот на реката, пред профитот кој го носи овој бизнис. Од министерството објаснуваат, дозвола за работа имаат 15 бази…

Течението на реката Вардар низ водно од Велес е уништено од бројните бази за вадење на песок, чакал и камења. За ова реагираат кајакарите, кои летово заради нивните активности често веслаат до Гевгелија. Тие предупредуваат за тоа што се случува по нејзиното течение, во долниот тек после Велес.

Владо Стојановски е учесник на сите 22 Вардарски регати и сведочи дека за овие 42 години, откако тој плови во реката, таа го сменила водниот тек. Со тоа се уништува и биодиверзитетот на реката. Големи се штетите од вадење на песок и чакал, за кое познавачите велат дека е без контрола.

Екологистите предупредуваат дека ископаните суровини се наменети исклучиво за профит, без притоа да се води сметка за последиците и штетите врз природата. Затоа и реката Вардар во нејзиниот долен дел, после Демир Капија, до Гевгелија, е разлеана, плитка и бавна.

Петар Печков