Усвоени препораки за заедничко чествување и за подобрување на учебниците по историја
Светите браќа Кирил и Методиј, Климент и Наум и Цар Самоил – ова се петте историски личности за коишто заедничката македонско- бугарска комисија даде препораки за заедничко чествување. Предвидено е да се прават и корекции во учебници по историја, за шесто одделение кај нас и за петто во Бугарија. Ќе претрпат по пет измени. „Препораките не допираат во идентитеските прашања, целта е да се надминат пропустите и да се избегне митологизацијата од двете страни“, вели копретседателот на комисијата, Драги Ѓоргиев. Сега на потег, владите во Скопје и во Софија...

Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, и Цар Самоил, заеднички ќе се слават со Бугарија. Овие личности ќе придонесат за подобрување на односите на двата народи, рече академик Драги Ѓоргиев, копретседавачот на Комисијата за историско-образовни прашања. Тој посочи дека за овие личности главни критериуми биле презентацијата на универзалните вредности на тие личности и придонесот во развивањето на христијанската култура и традиција и придонесот за сесловенската писменост.
За четири години работа на мешовитата историска комисија затворено е и прашањето за античката историја каде учебниците за шесто одделение, односно петти клас, ќе претрпат по пет измени. Препораките не допираат до идентитетските прашања, повеќе се посветени на тоа да се избегне митологизацијата на тој антички период и да се избегне денешната национална перспектива на современите нации и држави во антиката, вели Ѓоргиев.
Онака како што е договорено, препораките од комисијата би требало владите да ги усвојат, а авторите на учебниците по историја да ги земат в предвид заклучоците кои комисијата ги донела. Препораки кои одат на усвојување во владата-и понатаму да продолжи процесот при пишувањето на идните учебници по историја.
Од комисијата нагласуваат дека не е целта како ќе се чита историјата, туку да се надминат недоразбирањата во образовниот систем.
Миле Ристески
