Министерство за правда

Деновиве состанок на работната група за новиот закон за здруженија и фондации

15.08.2022 16:04

Актуелното решение е од 2016-та година, а неговата примена во пракса веќе покажа слабости, откако во април во Битола беше отворен културниот центар „Ванчо Михајлов“, потоа беше регистрирано здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид на што реагираше Еврејската заедница, а има најава и за отворање ново бугарско здружение со името „Цар Фердинанд“.

Работната група при Министерството за правда деновиве ќе закаже состанок за новиот Закон за здруженија и фондации, информираат од ресорот.

Актуелното решение е од 2016-та година, а неговата примена во пракса веќе покажа слабости, откако во април во Битола беше отворен културниот центар „Ванчо Михајлов“, потоа беше регистрирано здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид на што реагираше Еврејската заедница, а има најава и за отворање ново бугарско здружение со името „Цар Фердинанд“.

Од Министерството за правда велат дека ќе се разгледуваат сите отворени прашања кои се однесуваат на историските личности.

Централниот регистар претходно реагираше дека со актуелниот закон не е предвиден регистар на спорни и негативни личности од историјата.