Нема македонски универзитет во првите илјада рангирани на Шангајската листа 2022
Од регионот, од 300 до 400 место е универзитетот во Атина. Од 400 до 500 место се универзитетите во Белград, Љубљана и во Загреб. Универзитетот во Нови Сад, пак, се наоѓа во последната стотка на Шангајската листа, втор од Србија на неа.

Ниту еден македонски универзитет не се најде меѓу првите илјада најдобри во светот. Објавена е Шангајската листа за годинава. На неа, највисоко се рангирани се универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“, Институтот за технологија во Масачусетс, „Кембриџ“ и „Беркли“.
Од регионот, од 300 до 400 место е универзитетот во Атина. Од 400 до 500 место се универзитетите во Белград, Љубљана и во Загреб. Универзитетот во Нови Сад, пак, се наоѓа во последната стотка на Шангајската листа, втор од Србија на неа.
На последното рангирање од Центарот за рангирање на светски универзитети, „Св. Кирил и Методиј“ се наоѓа на 1.964 место од 2.000 универзитети.
