Рекорд за Клиперс!

16.04.2014 14:53

Екипата на Лос Анџелес Клиперс испиша светла страница во клупската историја со извонредните настапи сезонава во НБА лигата. Избраниците на Док Риверс остварија 57 победи што е рекорд за тимот во професионалната кошаркарска конкуренција. Ноќеска Клиперс триумфираа над Денвер со 117-105. Претходно, најдобриот ефект на составот од „градот на ангелите“ беше во натпреварувачката 2012/2013-та кога оствари 56 победи и 26 порази во основната фаза, завршувајќи на четвртото место во западната конференција.

Екипата на Лос Анџелес Клиперс испиша светла страница во клупската историја со извонредните настапи сезонава во НБА лигата. Избраниците на Док Риверс остварија 57 победи што е рекорд за тимот во професионалната кошаркарска конкуренција. Ноќеска Клиперс триумфираа над Денвер со 117-105. Претходно, најдобриот ефект на составот од „градот на ангелите“ беше во натпреварувачката 2012/2013-та кога оствари 56 победи и 26 порази во основната фаза, завршувајќи на четвртото место во западната конференција. Клиперс имаат шанса и да го подобрат сопствениот рекорд затоа што пред почетокот на разигрувањето за титулата имаат уште еден меч – гостувањето кај Портланд.

Во другиот ноќешен натпревар од претпоследната вечер во оваа сезона во НБА лигата, Њујорк победи во Бруклин со 109-98, а шест негови играчи дадоа двоцифрен број поени. Тим Хардавеј 16, а Стадемаер и Смит постигнаа по 14. Кај Бруклин прв стрелец беше Маркус Торнтон со 24 коша. Победата за Њујорк е мала утеха затоа што тимот веќе ги загуби шансите за место во плеј – офот. На 15 натпревари до крајот на основниот дел од сезоната, познати се учесниците во разигрувањето.