Турција

Поплави во Анкара

15.08.2022 18:32

Поради надојдената вода сообраќајот во Анкара е блокиран. Поплавена е една од големите автобуски станици во градот.

Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во главниот град на Турција, Анкара. Дождот проследен со ветер предизвика материјална штета, корнејќи покриви од згради и дрвја.

Поради надојдената вода сообраќајот во Анкара е блокиран. Поплавена е една од големите автобуски станици во градот.

Според метеоролозите обилните дождови во Анкара ќе продолжат и во наредните часови.