ИЈЗ

Се намалува бројот на заразени со Ковид-19

16.08.2022 09:21

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 8-ми до 14-ти август, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и во Охрид. Пријавени се 16 смртни случаи, идентично како и минатата седмица...

Во минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на Kовид-19, што е намалување за 8,7 насто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел во просек 43,6 насто.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 8-ми до 14-ти август, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и во Охрид.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал е бројот кај населението од 10 до 19 години.

Оздравеле 3.750 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 16,9 насто помалку во споредба со претходните седум дена. Регистрирани се 729 реинфекции, со намалување од 10,8 проценти.

Пријавени се 16 смртни случаи, идентично како и минатата седмица.

Во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 лица, а моментално во болниците се лекуваат 199 пациенти, што е за 10,6 насто повеќе во спроедба со претходната недела.

Во моментов има над 3.500 активни случаи.