ОН негираат дека ја одложуваат нуклеарната посета на Украина
Украинските и меѓународните предупредувања се интензивираа, а Русите наводно се подготвуваат да го пренасочат производството на енергија од Запорожје. Најголемата нуклеарна централа во Европа има шест реактори дизајнирани од Советскиот Сојуз.

Русија ги обвинува украинските трупи за масовно гранатирање на подрачјето на нуклеарната централа во Запорожје. Москва изрази подготвеност да преземе сè што е потребно за да биде реализирана посетата на експертскиот тим од Меѓународната агенција за атомска енергија.
Украинските и меѓународните предупредувања се интензивираа, а Русите наводно се подготвуваат да го пренасочат производството на енергија од Запорожје. Најголемата нуклеарна централа во Европа има шест реактори дизајнирани од Советскиот Сојуз.
„Русија не запира со уценувачки акции во и околу нуклеарната централа на Запорожје. Продолжува провокативното гранатирање на таа територија. Каков било инцидент во централата може да биде удар за сите земји во ЕУ, Турција, Грузија и подалечните региони. Се зависи само од правецот и силата на ветрот. Ако руските акции доведат до катастрофа, последиците може да ги почувствуваат и оние кои молчеа досега“, изјави претседателот Зеленски.
Од Обединетите Нации потврдија дека поседуваат логистички и безбедносни капацитети за да екипите извршат инспекција.
