Изложба „Плачот на Адам“ во Велестово
Никола Пијанманов (1981, Струмица) се изгради во еден од најплодните современи ликовни уметници во Македонија...
Ликовниот уметник Никола Пијанманов ќе се претстави со своја изложба во рамките на годинешната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ која од 19-ти до 21-ви август се одржува по 34-ти пат.
Изложбата носи наслов „Плачот на Адам“ и ќе биде отворена во 22 часот на 19-ти август во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово.
Никола Пијанманов (1981, Струмица) се изгради во еден од најплодните современи ликовни уметници во Македонија и зад него се изложбите „Илуминации“(2007) инспирирана од творештвото на Михаил Ренџов, во НУБ „Свети Климент Охридски“, потоа изложбата „Крст од топола“ (2008) претставена во Младинскиот културен центар во Скопје, „Мирисот на времето“ (2009) во Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица. Истата 2009 година своите слики и ги претставил и на ликовната публика во родниот град Струмица, а во Музејот на град Скопје во 2012 со изложбата „Исчезливо“.
Едно по друго потоа ги подготвува и отвора изложбите „Ризата на Саломе“ во Ликовниот салон на Народен музеј Велес, „Илуминирани книги“ во Галерија на музеј – Струмица и „Остатоци“ во НУЦК „Антон Панов“.
Никола Пијанманов е учесник на повеќе групни изложби и колонии во Македонија и во странство.
