Одбојкарско првенство на Македонија, плеј-оф, финале

Струмица и Синалко во лов на титулата

16.04.2014 14:54

Одбојкарите на Струмица и на Синалко денеска ја отвораат финалната серија од плеј-офот во домашниот кошаркарски шампионат. Тоа ќе биде реприза на борбата за титулата од 2012, кога струмичани ја освоија првата круна во нивната клупска историја.

Тие и годинава влегуваат од позиција на фаворити за нов триумф, особено што нивниот ривал од Крушево ќе биде значително ослабен во  клучните натпревари. Синалко деновиве остана без тренерот Ѓорѓиески и без еден од најважните првотимци, Нане, што дополнително ќе го оптовари составот во серијата којашто ќе се игра до три победи.

Првиот дуел се игра денеска од 17 часот во Струмица, реваншот во Крушево е в петок, а третиот, можеби и последен натпревар од серијата ќе биде одигран в понеделник, повторно во Струмица, во истиот термин. Со исклучок на денешниот прв двобој, сите преостанати ќе ги гледате во живо на Собранискиот сервис на МРТ.

Во плеј-офот од првенството за одбојкарки, шампионот Форца Волеј вечер ќе го добие противникот во финалната серија. Претстои мајсторката во полуфиналето меѓу Јанта Волеј и струмичка Македонија Макс. Куриозитет е што и двата одиграни меча досега со 3-2 во сетови ги добија екипите коишто играа на туѓ терен, така што не мора да биде никаква предност фактот што вечерва предноста на домашниот паркет ја има Јанта Волеј. Пред четири дена скопскиот тим беше поразен од Форца волеј во финалето на Купот во Пробиштип.