Пекинг санкционира седуммина тајвански функционери
Претходно, посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Пелоси го налути Пекинг кој одговори со пробно лансирање на балистички ракети и прекин на соработката со Вашингтон во повеќе области.

Кина санкционира седуммина тајвански функционери поради поддршка на независноста на Тајван. Пекинг најави и интензивирање на воените вежби по посетата на петмина американски законодавци на островот, која според Кина, значи повторно непочитување на нејзиниот суверенитет.
Претходно, посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Пелоси го налути Пекинг кој одговори со пробно лансирање на балистички ракети и прекин на соработката со Вашингтон во повеќе области.
Соединетите Американски Држави немаат формални дипломатски врски со Тајван, но со закон се обврзани да му обезбедат на островот демократски средства за одбрана.
Кина никогаш не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го стави Тајван под своја контрола.
