Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА
Според нив, Агенцијата соработувала со безбедносната компанија „Андеркавер глобал“, ангажирана од еквадорската амбасада во Лондон, каде што се криеше Асанж.
Американските адвокати на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж ја тужат ЦИА и нејзиниот поранешен дикректор Мајк Помпео. Ги обвинуваат за снимање на нивните разговори и копирање на содржината од мобилните телефони и компјутери.
Според нив, Агенцијата соработувала со безбедносната компанија „Андеркавер глобал“, ангажирана од еквадорската амбасада во Лондон, каде што се криеше Асанж.
Нему му се заканува екстрадиција од Британија во САД каде што е обвинет за објавување на дипломатските документи за војната во Авганистан и Ирак во 2010 година.
Асанж ја обжали одлуката на британскиот суд за испорачување во САД каде што му се заканува затворска казна до 175 години.
