Инвестиции

Дисперзирани инвестиции за рамноправен економски развој

16.04.2014 15:00

Странските инвеститори се размрдаа. Ако порано прв избор им беше скопски Бунарџик, во последно време другите градови стануваат сè поатрактивни...

Италијанска инвестиција за Скопје, американска за Кичево, две германски за охридско – струшкиот регион, холандска за виничко – кочанскиот, грчка за Гевгелија. За дваесетина дена шест компании решија да вложат воземјава. Треба да отворат повеќе од 3.000 работни места.

„Целиот концепт на дисперзирани слободни економски зони дава плод. Стратегија на Владата е во секоја зона да почнеме со по една инвестиција, а потоа да се шират врз основа на можностите и потребите“, изјави Виктор Мизо, директор на ДТИРЗ.

Странските инвеститори се размрдаа. Ако порано прв избор им беше скопски Бунарџик, во последно време другите градови стануваат сè поатрактивни. Фабрика за печурки се гради во Свети Николе, ИТЕК најави влез во Тетово, Амфенол работи во Кочани, Џонсон Контролс во Штип, Дрекселмајер во Кавадарци, Кромберг и Шуберт во Битола... Според ФДИ магазинот на Фајненшл Тајмс, токму охридско – струшкиот регион, за кој се решија Германците, е најповолен за инвестирање во Европа.

„Една ваква фабрика, една ваква инвестиција од автомобилскиот сектор, ќе донесе и развој на целиот регион“, вели Борка Соколовски, универзитетски професор.

Бројките покажуваат дека само во првиот квартал од годинава, извозот од зоните се зголемил на 250 милиони евра, што претставува раст од 95 %, споредено со лани.

 

Мартин Пушевски