Нови 590 случаи со Ковид-19, починати две лица
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426, а бројот на активни случаи изнесува 3.564.

Во последните 24 часа направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на Ковид-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино – по 9, Радовиш и Виница – по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Ресен, Свети Николе и Демир Капија – по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (590), регистрирани се 142 реинфекции. Регистрирани сe 583 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (72г) и Охрид(82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426, а бројот на активни случаи изнесува 3.564.
Досега во земјата се направени вкупно 2.137.986 тестирања на Ковид-19.
