Оризопроизводителите на протест, бараат повисока откупна цена
Со блокада на регионалниот пат Штип- Кочани, оризопроизводителите од кочанско од денес протестираат и бараат повисока откупна цена. Протест најавуваат и лозарите од тиквешијата доколку до крајот на неделата не бидат познати откупните цени на грозјето...

Сегашната откупна цена на арпата од 20 до 25 денари покрива само половина од производните трошоци и доколку не се корегира, тоа ќе значи целосно уништување на оризопроизводството. Во прашање е доведена и жетвата на оризот.
За рентабилно производство, арпата треба да се откупува по најмалку 40 денари.
Поддршка кочанските земјоделци имаат и од лозарите кои најавуваат блокади на патиштата доколку до крајот на неделата не се утврди откупната цена на грозјето.
Наместо борба за храна, македонското земјоделство е во колапс, вели земјоделец од Радовиш.
Протестот на оризопроизводителите ќе продолжи и наредните денови, додека не се постигне договор со надлежното министерство. Сообраќајот кај Облешево се одвива по една лента.
Славица Величковска
