САД: Вонредна состојба во два округа на Западна Вирџинија
Загрозена е и безбедноста на водоводните системи, а снабдувањето со електрична енергија е прекинато за над 2.000 жители кои се обидуваат да го расчистат хаосот. Велат сè се случувало многу брзо.

Вонредна состојба во два округа на Западна Вирџинија поради катастрофалните поплави предизвикани од обилните дождови. Уништени се над 100 објекти, патишта и мостови.
„Многу домови се попалвени речиси до првиот кат, подрумите се полни со вода. Видов и потопени автомобили што ги носеше водата“, изјави Ен Кавалиер Смитерс, градоначалничка на Западна Вирџинија.
Загрозена е и безбедноста на водоводните системи, а снабдувањето со електрична енергија е прекинато за над 2.000 жители кои се обидуваат да го расчистат хаосот. Велат сè се случувало многу брзо.
„Не слушнав ни дожд. Не знаев ни дека водата е надојдена, се додека не ми се јавија и ми кажаа дека патот е блокиран и дека навлегува вода“, изјави Дон Кини, локален жител.
„Сè само лебдеше наоколу, паѓаше. Успеавме да го задржиме фрижидерот“, рече Џоел Самерс, локален жител.
Националната гарда и спасувачите се на терен. Многумина останаа заробени во автомобилите поради непроодните патишта.
„Урнати се три моста, поплавени домови, ова е хаос“, вели Брент Рид, локален жител.
„Не можам да одам на работа. Не можам да стигнам до мојата куќа да проверам и да видам дали е во ред“, додава Џорџија Котрел, локална жителка.
„Комуницираме со луѓето. Генерално сите се добро, едноставно не можат да дојдат до нивните домови“, вели Бени Филијаџи, пожарникар во Монтгомери, Западна Вирџинија.
Теренот се расчистува со механизација. Властите најавија дека поправките треба да завршат во наредните денови. Во меѓувреме, метеоролозите вклучија нов аларм за поројни дождови во наредниот период.
Бојана Крстевски
